Пребарување
Сите категории
    Menu Close
    Назад кон сите

    Витамин Д во превенција од COVID-19

    Во борбата против COVID-19 е неопходен силен имунолошки систем. За таа цел на телото му се потребни витамини и други хранливи материи.

    Витамин Д е стероиден хормон, кој се продуцира со помош на ултравиолетова радијација на кожата, или се внесува во организмот преку различни суплементи и прехрамбени производи. Недостатокот на витамин Д е јавен здравствен проблем кој афектира повеќе од билион луѓе во светот. Тој влијае на имунолошките функции, бидејќи истиот поседува имуномодулаторно дејство, така што се зајакнува вродениот имунитет со секреција на антивирални пептиди кои ја подобруваат мукозалната одбрана на организмот.

    Витамин Д делува на различни механизми во намалување на ризикот од вирални инфекции и морталитет. Ова опфаќа одржување на клеточните јазли, зајакнувајќи го клеточниот имунитет, а со тоа намалувајќи ја цитокинската бура со влијание на гама интерферон.

    Во неколку рандомизирани испитувања или мета-анализи, се покажало дека суплементацијата со витамин Д има позитивни ефекти во борба со инфекции на респираторниот тракт.  Оттука, луѓето кои имаат зголемен ризик од недостаток на витамин Д во време на оваа глобална пандемија се препорачува да земаат суплементиили храна богата со витамин Д со цел одржување на концентрацијата на калцифедиол (метаболит на витамин Д) во оптималните граници, која изнесува од 75-125 nmol/L.

    Референтна литература:

    Ali, Nurshad. 2020. “Role of vitamin D in preventing of COVID-19 infection, progression and severity“. Journal of Infection and Public Health, 1373-1380pp.

    Коментари
    Оставете коментар Затвори