Пребарување
Сите категории
    Menu Close
    Назад кон сите

    Настинка и грип

    Настинка и грип

    Што се грипот и настинката?

    Грипот и настинката се најчестите респираторни заболувања, коимеѓу себе се разликуваат по нивната симптоматологија и нивните предизвикувачи. Општо земено, за разлика од настинката, симптомите на грипот се поинтензивни.

    Во поголемброј случаи, обичната настинка е безопасна и не предизвикува сериозни здравствени проблеми, како што се: пневмонија, бактериски инфекции, хоспитализации и сл. Симптоми на настинка се: затнат нос или течење воден секрет од носот,чувство на гребење во грлото,можна главоболка,болка во грлото,кивање,умерена сува кашлица и благо покачена телесна температура.

    Грипот или инфлуенцата е вирусна инфекција која најчесто има ненадеен почеток и резултира со симптоми различни од оние типични за обичниот вирус на настинка, а тоа се: треска, висока телесна температура над 38°C во траење од неколку дена, долготрајна главоболка, болки во мускулите и зглобовите,замор, изразена исцрпеност и респираторни симптоми (вклучувајќи продуктивна кашлица, болно и воспалено грло).

    Грипот може да предизвика сериозни компликации,а предупредувачки знаци за настанување на истите се: тешкотии при дишењето и забрзано дишење,постојани генерализирани мускулни болки,вртоглавица,дехидратација (сувост на устата).Грипот е заразно заболување кое најчесто се шири преку ситните инфективни капки кои ги исфрла заразениот човек при кашлање и кивање.

    Како се третирааат грипот и настанката?

    Лекувањето на грипот и настинката е симптоматско, односно се спроведува хигиено-диететски режим (мирување, земање на повеќе течности-топли напитоци, лесна исхрана, витамини (особено витамин Ц), минерали, а по препорака на лекар и во зависност од тежината на болеста, може да се дадат и одредени антивирусни лекови. Антибиотска терапија се дава само во случај на секундарни бактериски инфекции кои го влошуваат текот и исходот на болеста, односно за лекување на компликации од грипот исклучиво по налог на лекар.

    Кога станува збор за овие две заболувања, потребно е да знаеме како да ги превенираме, како да се заштитиме и што да правиме доколку сме заболени. При тоа:

    • Да се избегнува близок контакт со луѓе кои се болни, кои киваат, кашлаат, имаат покачена телесна температура;
    • Миењето раце е една од клучните постапки за превенција и понатамошно ширење на настинката и грипот на други луѓе. Најдобро е да се користи сапун и топла вода, но и средствата за дезинфекција врз база на алкохол исто така се корисни;
    • Често да се проветруваат просториите;
    • Да се пијат топли напитоци (чаеви и супи), овошни цедени сокови, вода со лимон;
    • Да се земаат свежи производи богати со витамини и минерали или мултивитамински напитоци и препарати,како и препарати на база на прополис, ехинацеа, мед, ѓумбир, лук и сл.;
    • Да се практикуваат здрави навики, како соодветно време за сон и одмор, здрава исхрана, одржување на физичка и психичка активност и намалување на стресот.

    Иако, општата популација во принцип лесно ги поднесува овие две заболувања, сепак постојат луѓе кои се со висок ризик од компликации на грип и во оваа категорија спаѓаат мали деца, возрасни над 65 години, бремени жени и лица со коморбидитети (како што се астма, дијабетес и срцеви заболувања).

    Доколку се влоши состојбата, односно доколку имате континуирано покачена телесна температура повеќе од три дена, силна болка во грлото, долготрајна кашлица, тоа може да биде знак на бактериска инфекција и во тој случај потребно е да се побара медицинска помош.

    Коментари
    Оставете коментар Затвори