Пребарување
Сите категории
    Menu Close

    За нас

    Фила аптека е аптека од отворен тип,  лоцирана во склон на Жан Митрев Клиника, која постои од 2017 година.

    Фила аптека e насочена кон грижата за здравјето на своите пациенти, преку обезбедување на совети за примена на соодветен лек, соодветна доза, во соодветно време и на соодветен начин.

    Високостручниот тим на  фармацевти, следејќи ги најсовремените медицински стандарди овозможува во согласност со концепцијата фармацевтска грижа - индивидуален пристап кон пациентот со цел постигнување максимален терапевтски ефект а при тоа минимални несакани ефекти. Визијата е да обезбедиме целокупна клиничка грижа за пациентите, а тоа е и наша идна цел.

    Аптеката располага со широк спектар на лекови, додатоци во исхраната, производи за нега на кожата и косата, како и магистрални лекови и медицински помагала од типот на кардио-торакални појаси, абдоминални појаси, ортози.

    Се прилагодуваме кон потребите на нашите пациенти и сме максимално посветени кон подобрување и унапредување  на услугата.