АЛКАЛАКС-ТАБ е лаксатив со локално дејство кој нежно ги стимулира мускулите на дебелото црево. Ова доведува до брзо олеснување на опстипацијата, помагајќи му на телото да го врати својот вообичаен ритам.
АЛКАВИТ® фолната киселина е неопходна за синтеза на нуклеопротеините и за хематопоеза. По ресорпцијата, фолната киселина брзо се редуцира на позициите 5, 6, 7 и 8 во својот активен метаболит-тетрахидрофолна киселина (фолинска киселина). Тетрахидрофолната киселина претставува коензим за различни метаболни процеси како што се: синтеза на пуринските и пиримидинските нуклеотиди, односно синтеза на DNK, конверзија на некои аминокиселини (претворање на хомоцистеин во метионин, претворање на серин во глицин) и синтеза на тимидилат.
Метамизолот е пиразолонски дериват од групата ненаркотични аналгетици. Поседува аналгетично, антипиретично, антиинфламаторно и спазмолитично дејство. Ефектите на метамизол се остваруваат преку централни и периферни механизми. Централното дејство е резултат на потиснувањето на чувството за болка во централниот нервен систем и инхибирање на циклооксигеназата во мозокот. На периферијата, метамизолот ја инхибира синтезата на простагландините кои ги стимулираат ноцицепторите и предизвикуваат болка.
Хепаринот, кој е главна супстанција во препаратот, се наоѓа и во човечкиот организам и манифестира антикоагулантно и антитромботично дејство. Понатаму, дејствува антагонистички на некои ендогени трансмитери (хистамин, серотонин, ацетилхолин), од каде што произлегува и неговото антиинфламаторно, антиедематозно, умерено спазмолитично и антиалергиско дејство. Комбинацијата со декспантенол и алантоин овозможува поголема апсорпција на хепаринот.
Хепаринот, кој е главна супстанција во препаратот, се наоѓа и во човечкиот организам и манифестира антикоагулантно и антитромботично дејство. Понатаму, дејствува антагонистички на некои ендогени трансмитери (хистамин, серотонин, ацетилхолин), од каде што произлегува и неговото антиинфламаторно, антиедематозно, умерено спазмолитично и антиалергиско дејство. Комбинацијата со декспантенол и алантоин овозможува поголема апсорпција на хепаринот.
Бетадине растворот за дезинфекција и чистење на кожата како активен принцип содржи повидон-јод, комплексно соединение на поливинил пиролидонот и јод. Овој комплекс претставува јодофор, каде што поливинил пиролидонот служи како пренесувач на јодот. Во допир со кожата и слузокожата јодот полека се ослободува од комплексот и пројавува силно дејство кон бактериите, вирусите, габите, протозоите и кон спорите. Дејството настапува непосредно по примената и трае подолго во однос на другите препарати на јод.
Бетадине растворот за плакнење уста и грло како активен принцип содржи повидон-јод, комплексно соединение на поливинил пиролидонот и јод. Овој комплекс претставува јодофор, кадешто поливинил пиролидонот служи како пренесувач на јодот и ја овозможува неговата растворливост во вода. Во допир со слузокожата, јодот полека се ослободува од комплексот и дејствува како антисептик, односно дезинфициенс кон бактериите, вирусите, габите, протозоите и кон спорите. Бетадине растворот дејствува и како дезодоранс, отстранувајќи ја непријатната миризба од устата што може да потекнува од храна, алкохолни пијалаци, тутун и др
Бетадине вагиториите како активен принцип содржат повидон-јод, комплексно соединение на поливинил пиролидонот и јод. Овој комплекс претставува јодофор, каде што поливинил пиролидонот служи како пренесувач на јодот. Во допир со слузокожата јодот полека се ослободува од комплексот и пројавува силно антимикробно и бактерицидно (грам-позитивни и грам-негативни бактерии), вируцидно, фунгицидно (Candida аlbicans) и протозоицидно (Trihomonas vaginalis) дејство.
Ибупрофенот претставува нестероиден антиинфламаторен лек, дериват на пропионската киселина, кој ја покажува својата активност преку инхибирање на синтезата на простагландините. Кај луѓето, ибупрофенот ја намалува инфламаторната болка, појавата на оток и покачената телесна температура.
Блокмакс Дуо претставува комбиниран аналгетик. Содржи ибупрофен, којшто спаѓа во групата на нестероидни антиинфламаторни (противвоспалителни) лекови (НСАИЛ), со аналгетично (против болка), антипиретично (против покачена температура) и со антиинфламаторно (противвоспалително) дејствување. Содржи и парацетамол, чие дејство е комплементарно со она на ибупрофенот. Двете компоненти делуваат синергистички.
Суспензија со карактеристичен вкус и мирис на кајсија. Ибупрофенот претставува нестероиден антиинфламаторен лек, дериват на пропионската киселина, кој ја покажува својата активност преку инхибирање на синтезата на простагландините. Кај луѓето, ибупрофенот ја намалува инфламаторната болка, појавата на оток и покачената телесна температура.
Ибупрофенот претставува нестероиден антиинфламаторен лек, дериват на пропионската киселина, кој ја покажува својата активност преку инхибирање на синтезата на простагландините. Кај луѓето, ибупрофенот ја намалува инфламаторната болка, појавата на оток и покачената телесна температура.
Гелот БлокМакс како активна супстанца содржи ибупрофен, кој спаѓа во групата на нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ). Ибупрофенот ја ублажува болката и ги намалува воспалението и отекувањето.
Кафетин е комбиниран аналгетик.Aналгетичното дејство е докажано за парацетамолот, пропифеназонот и за кодеинот, додека кофеинот е помошна состојка која го подобрува дејството на другите состојки.
Caffetin COLDmax претставува комбиниран препарат кој содржи две активни супстанции, парацетамол и фенилефрин. Парацетамолот ја ублажува болката и ја намалува телесната температура. Фенилефринот, пак, ја намалува назалната конгестија, со што овозможува проодност во носот и во дишните патишта.
Caffetin Cold plus претставува комбиниран препарат којшто содржи повеќе активни супстанции. Парацетамолот ја ублажува болката и ја намалува телесната тампература. Псевдоефедринот ја намалува назалната конгестија овозможувајќи проодност во носот и во дишните патишта. Декстрометорфанот, пак, ја ублажува кашлицата предизвикана од слаба иритација на грлото и на дишните патишта. Витаминот Ц го поттикнува имунолошкиот систем.