Немате ставки во вашата кошничка.
Состав:
1gr содржи heparin/ allantoin/ dexpanthenol 500IU/ 2.5mg/ 2.5mg
Индикации:
– Профилактика и терапија на нарушувања од венско потекло, како што се: површински тромбофлебитис и флеботромбоза (воспаление на вените), флебитис по паравенски аплицирана инјекција, посттромботичен синдром, проширени вени,улкус на потколеницата (ulcus cruris), тапа болка во потколеницата, едем како резултат на венска инсуфициенција.–Терапија на оток или на хематом по случајни или по спортски трауми, како што се: контузија, дисторзија, луксација или фрактура на коска.– Забрзување на заздравувањето на постоперативните рани и терапија на лузни.–Терапија на тендовагинитис, бурзитис, епикондилитис.
Начин на примена:
Лесно се втрива на заболеното место 2–3 пати на ден. Во случај на флеботромбози или на тромбофлебитис, препаратот се нанесува во слој со дебелина од 1 до 2 mm и не се втрива по нанесувањето.