Немате ставки во вашата кошничка.
Состав:
povidone-iodine : 10 %
Индикации:
Подготовка (дезинфекција) на кожата и на слузокожата (вклучувајќи ја и вагиналната слузокожа) за хируршки интервенции, инјекции и аспирации;
Дезинфекција на рани, спречување инфекции при изгореници, инцизии и при други локални лезии;
Лекување инфицирани хируршки инцизии, инфицирани трауматски лезии, третман на лацерации и на абразии, инфицирани декубитални или застојни улцери, пиодермии и секундарно инфицирани дерматози и изгореници од втор и од трет степен.
Начин на примена:
Повидон-јод растворот се применува неразблажен, со премачкување на заболеното место, толку пати колку што е потребно. Потоа, се остава 2-3 минути да се исуши.