Пребарување
Сите категории
    Menu Close

    BETADINE 200mg x 14 вагитории

    Производител: ALKALOID
    Бетадине вагиториите како активен принцип содржат повидон-јод, комплексно соединение на поливинил пиролидонот и јод. Овој комплекс претставува јодофор, каде што поливинил пиролидонот служи како пренесувач на јодот. Во допир со слузокожата јодот полека се ослободува од комплексот и пројавува силно антимикробно и бактерицидно (грам-позитивни и грам-негативни бактерии), вируцидно, фунгицидно (Candida аlbicans) и протозоицидно (Trihomonas vaginalis) дејство.
    159,00 ден
    i h

    Состав:

    1 вагиторија содржи 200 mg povidone-iodine еквивалентен на 20 mg расположлив јод.

    Индикации:

    Бетадине вагиториите се индицирани за симптоматско ублажување на вагиналната надразнетост, чешање и осетливост (неспецифичен вагинитис), вагинитис заради мешана инфекција, вагинитис предизвикан од Candida albicans и Trihomonas vaginalis.

    Начин на примена: 

    Навечер пред спиење, добро натопена во вода и во легната положба се става длабоко во вагината. Лекувањето се спроведува во тек на 14 дена и тоа во која било фаза од менструалниот циклус. Бидејќи секогаш не може да се спречи истекувањето на лекот во вагината, се препорачува носење на хигиенски влошки (да не се применуваат тампони).

    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Затвори
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *