Пребарување
Сите категории
    Menu Close
    RSS

    Блог

    Коментари (0) Витамин Д во превенција од COVID-19

    Во борбата против COVID-19 е неопходен силен имунолошки систем. За таа цел на телото му се потребни витамини и други хранливи материи.

    Витамин Д е стероиден хормон, кој се продуцира со помош на ултравиолетова радијација на кожата, или се внесува во организмот преку различни суплементи и прехрамбени...

    Настинка и грип
    Коментари (0) Настинка и грип

    Што се грипот и настинката?

    Грипот и настинката се најчестите респираторни заболувања, коимеѓу себе се разликуваат по нивната симптоматологија и нивните предизвикувачи. Општо земено, за разлика од настинката, симптомите на грипот се поинтензивни.

    Во поголемброј случаи, обичната настинка е безопасн...

    Анксиозност и стрес
    Коментари (0) Анксиозност и стрес

    Што е анксиозност?

    Анксиозност претставува емоција која се опишува како непријатна состојба на внатрешни бурни промени, често придружена со нервозно однесување кое се забележува и во движењето и во однесувањето на личноста.  Чувството на нелагодност и грижа е во врска со ситуацијата или настанот, к...

    Остеопороза
    Коментари (0) Остеопороза

    Остеопорозата е болест која погодува милиони луѓе ширум светот, се развива многу бавно и се карактеризира со мала коскена маса и коскено ткиво, што доведува до слабеење и кршливост на коските, како и последователно зголемување на ризикот од фрактура. Фрактурите на коските, особено во ‘рбетот или кол...

    Анемија
    Коментари (0) Анемија
    Што е анемија? Анемија е состојба при која бројот на црвените крвни клетки или концентрацијата на хемоглобин се пониски од референтните вредности ( за мажи 13,5-17,5 g/dL, за жени 12,0-15,55 g/dL). Хемоглобинот е неопходен за доставување на кислород до клетките, па доколку имате премалку или абнормални црвени крвни клетки или недоволно хемоглобин, ќе биде намален капацитот на крвта за доставување на кислород до ткивата. Ова резултира со симптоми, како: замор, слабост, вртоглавици, главоболка, отежнато дишење, бледа боја на кожата. Оптималната концентрација на хемоглобин потребна за задоволување на физиолошките потреби варира според возраста, полот, надморската височина на место на живеење, навиките за пушење и физиолошки состојби, како бременост. Анемијата е сериозен глобален јавен здравствен проблем кој особено ги погодува малите деца и бремените жени. СЗО проценува дека 42% од децата помали од 5 години и 40% од бремените жени ширум светот се анемични. Децата и бремените жени се особено ранливa група, Преваленцата на анемија останува висока на глобално ниво, особено во услови со ниски примања, каде значителен дел од мали деца и жени на репродуктивна возраст може да се претпостави дека се анемични. Исто така, се покажало дека анемијата со дефицит на железо влијае на когнитивниот и физичкиот развој кај децата и ја намалува продуктивноста кај возрасните. (Organization, n.d.) Анемијата е индикатор и за лошата исхрана и за лошото здравје. Може да влијае и на други глобални нутриционистички проблеми како што се застој и слабеење, мала тежина при раѓање и прекумерна тежина и дебелина кај децата поради недостаток на енергија за вежбање Училишните перформанси кај децата и намалената продуктивност на работата кај возрасните поради анемија може да имаат понатамошни социјални и економски влијанија врз поединецот и семејството.