Пребарување
Сите категории
    Menu Close

    BLOKMAX FOR KIDS 100mg/ 5ml - 100ml орална суспензија

    Производител: ALKALOID
    Суспензија со карактеристичен вкус и мирис на кајсија. Ибупрофенот претставува нестероиден антиинфламаторен лек, дериват на пропионската киселина, кој ја покажува својата активност преку инхибирање на синтезата на простагландините. Кај луѓето, ибупрофенот ја намалува инфламаторната болка, појавата на оток и покачената телесна температура.
    SKU: 5310001215972
    156,00 ден
    i h

    Состав:

    5 ml орална суспензија содржи ibuprofen 100mg.

    Индикации:

    За брзо и ефикасно намалување на покачената телесна температура, вклучувајќи и пирексија по вакцинација и за брзо и ефикасно намалување на симптомите на настинка и грип и слаба до умерена болка, како на пр: болка во грлото, болка при растење на забите, забоболка, болка во увото, главоболка, болка при помали повреди (на пр. исчашување, истегнување).

    Начин на примена:

    Дневната доза за ibuprofen кај децата е 20-30 mg/kg телесна тежина во поделени дози.

    Се употребува градуираниот перорален шприц за да се постигнат потребните дози:

    • мали деца на возраст од 3 до 6 месеци со телесна тежина над 5kg: доза од 2,5ml може да се даде три пати во текот на 24 часа
    • мали деца на возраст од 6-12 месеци: доза од 2,5 ml може да се земе 3-4 пати во текот на 24 часа.
    • деца на возраст од 1 до 3 години: доза од 2,5ml може да се земе 3-4 пати во текот на 24 часа или доза од 5ml може да се земе 3 пати во текот на 24 часа.
    • деца на возраст од 4 до 6 години: 7,5ml може да се земе 3 пати во текот на 24 часа
    • деца на возраст од 7 до 9 години: две дози од 5ml може да се земат 3 пати во текот на 24 часа.
    • деца на возраст од 10 до 12 години:три дози од 5ml може да се земат 3 пати во текот на 24 часа.

    Дозите треба да се даваат на приближно секои 6 до 8 часа или со минимум 4 часа помеѓу секоја доза, доколку е тоа потребно.

    Да не се дава на деца под 3 месечна возраст, освен по совет на доктор.

    Пред секоја примена, суспензијата добро да се протресе.

    Лекот може да се употребува три месеци по првото отварање

    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Затвори
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *