Немате ставки во вашата кошничка.
Состав:
Една таблета содржи: Paracetamol 500 mg Pseudoephedrine hydrochloride 30 mg Dextromethorphan hydrobromide 15 mg Ascorbic acid 60 mg (комбинација од природен и од синтетски витамин Ц)
Индикации:
Caffetin Cold plus се употребува за ублажување на главните симптоми на настинка и грип (главоболка, болка во мускулите, болка во грлото, назална конгестија, зголемена телесна температура, кашлица).
Начин на примена:
Возрасни и деца над 12 години: препорачана доза е 1 таблета, 1-4 пати на ден. Може да се земат и 2 таблети наеднаш. Интервалот помеѓу одделни дози треба да биде најмалку 4 часа. Максимална поединечна доза е 2 таблети, а максимална дневна доза е 8 таблети.