Немате ставки во вашата кошничка.
Состав:
Една таблета содржи: Paracetamol 250 mg
Propyphenazone 210 mg Caffeine 50 mg Codeine phosphate sesquihydrate 10 mg
Индикации:
Кафетин се употребува за ублажување болка од различно потекло, како на пример главоболка, забоболка, мигрена, невралгија, ишијалгија, мускулна болка, постоперативна, посттрауматска и менструална болка.
Начин на примена:
Возрасни и деца над 16 години: 1-2 таблети, во зависност од интензитетот на болката. Дозата може да се повторува 3 пати на ден. Максимална дневна доза е 6 таблети.
Деца од 12 до 16 години: ½-1 таблета, со можност дозата да се повтори 3 пати на ден.