Пребарување
Сите категории
    Menu Close

    CORDYCEPS- MRL 500mg x 90 таблети

    Производител: Mycology Research Laboratories
    Кордицепс-МРЛ не е екстракт туку содржи мицелиум и примордиа (вегетативниот дел од фунгусот и млади плодови) од печурката Cordyceps sinensis што се одгледува асептично во биомаса. Потоа, биомасата се произведува во таблети, а секоја содржи по 500мг Кордицепс синесис. Присуството на коренот во производот е многу важен, бидејќи тој содржи ензими за детоксикација, против оксидативниот стрес и ширењето на несакани клетки.
    SKU: 659908110054
    1.690,00 ден
    i h

    Состав:

    Кордицепс синесис (биомаса од печурка), микрокристалинска целулоза, силициум диоксид, магнезиум стеарат (растителен), стеаринска киселина (растителна).

    Индикации:

    Најчесто се користи како додаток за (според модерни и традиционални извори):

    -       подобрување на функцијата на циркулаторниот, респираторниот, дигестивниот, уринарниот и хормонскиот систем

    -       детоксикација на организмот

    -       зајакнување на имунитетот, подобрување на метаболизмот и исфрлање на штетни метаболити; има ефект на антиоксиданс

    -       алергии, астма, егзема, автоимуни болести (нефритичен синдром, лупус, васкулитис)

    -       недостиг во одбранбениот систем на организмот – кога има појава на повторување на болести, како алергии, астма

    -       тонификација на белите дробови (сува кашлица, хронична кашлица, црвени образи, бледоликост, немање здив) во традиционалната примена; помага за подобрување на пулмонарна фиброза; одлична комбинација со Реиши за белодробни нарушувања

    -       намалување на несаканите ефекти од хемо и радиотерапија, стимулирање на дејството на леукоцитите, зголемување на црвените крвни зрнца

    -       намалување на маснотиите во крвта, за регулирање и растворање на тромбови

    -       бубрези - често мокрење, светла урина, лумбарна болка, слаби колена, импотенција, аверзија кон ладно, ладни нозе

    -       истоштеност на бубрезите по хронични болести, употреба на лекови, физичка и умствена работа, исцрпеност на виталноста на бубрезите од преголема сексуална активност кај мажите, или од бременост или абортус кај жените

    -       зголемување на сексуалниот порив

    -       сексуална дисфункција

    -       помага за зголемување на виталната и физичката енергија (оттука го користат и спортистите)

    Начин на примена:

    Земете 3-6 таблети дневно. Најдобро е таблетите да ги пиете наутро (по 3 таблети) пред оброк. Доколку употребувате по 6 таблети дневно, тогаш се препорачува две дози по 3 таблети, наутро и навечер, пред оброк.

    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Затвори
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *