Специјална маст за масажа на колено.Содржи етерично масло од алгојски планински бор,камфор,капсаицин,пантенол.Ефектот на загревање заедно со ефектот на маслото од алгојски планински бор даваат чувство на пријатно олеснување во тек на релаксирачката масажа.По потреба се нанесува на болното колено и нежно се втрива.Наменета за адолесценти над 12год.и возрасни.Да се избегнува допир со очите и слузниците.
Маст за масажа при мускулна напнатост и вкочанетост.Содржи:етерично масло од луто нане,еукалиптус,рузмарин и пантенол.Се нанесува по потреба повеќе пати на ден со масажа на засегнатите мускули.Да не се употребува како облога,да не се употребува на оштетена кожа,во близина на очи и слузници,да не се употребува кај доенчиња и мали деца.
Алга Сан Мобил крем која загрева и опушта.Содржи: етерично масло од алгојски планински бор,црвена пиперка,рицинус,камфор и др.состојки (гавез,арника).Помага за подобра подвижност на зглобовите,за ублажување на болка и отоци во пределот на зглобовите,помага кај ревматски тегоби и спортски повреди.Се нанесува со втривање на болните места после напорен работен ден или спортување.Да не се употребува кај доенчиња и мали деца,како и во случај на оштетена кожа и воспалителни промени на кожата и во близина на очи и слузници.
Алга Сан Мобил гел за масажа со етерично масло од алгојски планински бор.Содржи и витамин Е,камфор,ментол,екстракт од арника.Помага за ублажување на мускулна болка и ја опушта напнатата мускулатура на вратот,грбот и нозете.Се нанесува со лесна масажа на болните места после напорен работен ден или спортување.Да не се употребува кај доенчиња и мали деца,како и во случај на оштетена кожа и воспалителни промени на кожата и во близина на очи и слузници.
Д-Р Тајс НОЌНИЧЕ балсам за кожа.Содржи масло од семките на ноќниче (Oenothera biennis),1.5% линолна киселина,3% уреа,сквален,масло од јојоба и гвајазулен.Есенцијалните масни киселини од ноќниче (Cis-линолна и Gama-линоленска) делуваат смирувачки и противвоспалително и ја обновуваат природната заштита на кожата.Се употребува при пеленски дерматитис и за нега на нежната кожа кај новороденчиња и мали деца.Се нанесува неколку пати дневно на засегнатите делови на кожата.
Д-Р Тајс НОЌНИЧЕ масло за капење.Содржи 5% масло од семките на ноќниче (Oenothera biennis),богато со есенцијалните масни киселини (Cis-линолна и Gama-линоленска) неопходни за нормално функционирање на клетките на кожата и поткожното ткиво.Се употребува за намалување на акутното воспаление на кожата,за ублажување на хроничните воспаленија и егземи на кожата како и за одржување на нејзината влажност,за секојдневно миење на сувата и осетлива кожа на рацете,во случаи на проблематична кожа и акни.Се употребува кај новороденчиња,мали деца и возрасни.
Д-Р Тајс НОЌНИЧЕ интензивен масен крем.Содржи 19% масло од семките на ноќниче (Oenothera biennis) и 3% уреа,приготвени во вода-масло емулзија.Се употребува за нега на екстремно сува кожа.Помага за интензивно снабдување на кожата со есенцијални масни киселини,обезбедува влажност.намалува чешање и го смирува воспалението на кожата.Се нанесува неколку пати дневно на засегнатите делови на кожата.Се употребува и во случаи на пеленски дерматитис кај новороденчиња и мали деца.
Д-р Тајс Невенов специјален крем.Помага при благи воспаленија на кожата и при заздравување на површински рани.Се нанесува на болното и повредено место повеќе пати на ден во тенок слој.Кремот не е масен и не ја оштетува облеката.