Анти-скабиес - емулзија за шуга и вошки,спречува чешање.Со вата се нанесува на цело тело,од скалпот до стапалата на нозете и се остава да стои 10мин.да се исуши.Се применува еднаш дневно во текот на ноќта,два последователни дена.Доколку е потребно третманот се повторува 3 дена подоцна.Се употебува и против вошки и кај деца и кај возрасни.
Лосион со хлорамфеникол против акни.Делува долготрајно и длабински во кожата.Го спречува создавањето на акни и митесери.Ги суши настанатите акни и го отстранува вишокот на масни материи што се создаваат на кожата во тек на денот.Се нанесува на чиста кожа неколку пати во денот.
Фиталп антиреума маст со природни состојки и природни етерични масла која помага при ревматски болки во зглобовите,при спортски повреди и болки при настинка.Природниот капсаицин заедно со камфорот нанесени надворешно на кожа помагаат во ослободувањето од болка на болното место каде што се нанесени.Се нанесува во тенок слој со втривање.
Фиталп гелот е моќна комбинација на природни етерични масла инкорпорирани во воден гел.Употреба: при настинка,замор,мускулна затегнатост,воспаление на зглобови,реума,намалување на главоболка и болка во вратот,болки во стапалата.
Фиталп гелот е моќна комбинација на природни етерични масла инкорпорирани во воден гел.Употреба: при настинка,замор,мускулна затегнатост,воспаление на зглобови,реума,намалување на главоболка и болка во вратот,болки во стапалата.
Фиталп капки за инхалација со сад за инхалирање.Пластичниот инхалатор се употребува за приготвување на топли и влажни инхалации,кои се препорачуваат при следните состојби:воспаленија на дишните патишта,затнат нос,неможност да се исфрли густиот секрет од дишните патишта,сувост на грлото.По употреба инхалаторот се мие со врела вода и детергент,се суши и се пребришува со 70% алкохол.
Фиталп балсам за деца,содржи етерично масло од еукалиптус,бор и камфор.Наменет за олеснување на симптомите при настинка кај деца над 4год.и кај возрасни.Го олеснува искашлувањето,го олеснува дишењето и ја подобрува состојбата при настинка.Се нанесува со втривање на градите и грбот неколку пати на ден,како и пред спиење на неоштетена кожа.Не смее да дојде во допир со слузокожа,очи и оштетена кожа.
Фиталп спорт масло за масажа со природни состојки и природни етерични масла.Се употребува за намалување на болки во телото предизвикани од: спортски истегнувања и повреди,мускулна затегнатост од активни тренинзи,потоа при замор,воспаление на зглобови,при настинка,за телесна релаксација после физичка активност.Има пријатен мирис и лесно се нанесува.
Гамалон таблетите содржат 250mg гама-аминобутерна киселина.Оваа амино киселина како додаток во исхраната се препорачува после поминати мозочни трауми,мозочни удари,при енцефалопатија од различно потекло,несоница,вознемиреност,полиневропатија,стрес,интелектуален замор.Се употребува пред јадење,три пати дневно по 2-5 таблети.
Глицерински супозитории за деца,наменети за третман на лесни и повремени пречки во празнење на цревата за кои не е потребна консултација со лекар.Една супозиторија содржи 1.357g глицерол,стеаринска киселина,безводен натриум карбонат и вода.Глицеролот во облик на супозитории се користи како средство за предизвикување на празнење на цревата.Според начинот на кој што делува,може да се вброи во повеќе групи - омекнувачи на столицата,осмотски лаксанс,дополнително како локално надразнувачко средство на слузницата на ректумот кое што ја стимулира перисталтиката,а со тоа и празнење на цревата.Употреба:една супозиторија дневно се става ректално (во чмар).Не се препорачува користење во континуитет подолго од една недела.
Глицерински супозитории за возрасни,наменети за третман на лесни и повремени пречки во празнење на цревата за кои не е потребна консултација со лекар.Една супозиторија содржи 2.106g глицерол,стеаринска киселина,безводен натриум карбонат и вода.Глицеролот во облик на супозитории се користи како средство за предизвикување на празнење на цревата.Според начинот на кој што делува,може да се вброи во повеќе групи - омекнувачи на столицата,осмотски лаксанс,дополнително како локално надразнувачко средство на слузницата на ректумот кое што ја стимулира перисталтиката,а со тоа и празнење на цревата.Употреба:една супозиторија дневно се става ректално (во чмар).Не се препорачува користење во континуитет подолго од една недела.
Гинекс 4 вагиториите се комбинација од хербални екстракти (алое,масло од невен,екстракт од ехинацеа,витамин Е),кои ги ублажуваат симптомите поврзани со зголемена вагинална секреција при различни гинеколошки воспалителни состојби и ја забрзуваат регенерацијата и епителизацијата на вагиналната слузница.Употреба: една до две вагитории на ден се става длабоко во вагината.
Маст против хемороиди.Претставува комбинација од неколку растителни екстракти,цинк оксид и бизмут субгалат.Активните компоненти делуваат синергистички и ги ублажуваат симптомите поврзани со хемороиди како што се: воспаление,крварење,анален јадеж и анален егзем.растителните екстракти ја подобруваат микроциркулацијата,го подобруваат капиларниот проток,тонусот на крвните садови и го зајакнуваат сврзното ткиво.Цинк оксидот и бизмут субгалат делуваат адстрингентно.Маста се нанесува после извршена хигиена во аналната зона,во тенок слој неколку пати дневно и после извршената дефекација.
Ихтиол маст за чиреви.Има антибактериско,кератопластично и противвоспалително дејство.Се употребува како ефикасно средство при кожни проблеми:чиреви,иритации,воспаленија,гребнатини и други кожни оштетувања.Се нанесува 1-2 пати дневно на потребното место.не смее да дојде во контакт со очи.Не смее да се нанесува на отворени рани.
Специјален крем против стареење на кожата со колаген.Претставува идеална заштита за кожа,која почнува да губи влажност,се суши и ја губи виталноста.Состојките имаат специјален баланс кој дава ефект на затегната и ревитализирана кожа со свеж изглед.Особено се препорачува над 30 годишна возраст и во менопауза.Се нанесува наутро и навечер.За сите типови кожа.