ICE POWER COLD GEL е оригинален, проверен и сигурен ладен гел којшто помага за брзо и ефикасно отстранување на болката и воспаленијата.Благодарение на ладниот ефект од природниот состав богат со ментол, етанол и етерични масла се намалува температурата на површината на кожата за 5 до 7 степени што овозможува смалување на отоците, ослободување на мускулната напнатост и забрзување на процесот на опоравување од повреди.ICE POWER COLD GEL е безбеден и за долготрајна употреба кај деца, бремени жени, доилки и возрасни лица при истегнувања, изместувања, спортски повреди, модринки, болки во вратот, рамениот појас, грбот и крстот, ревматски болки, болки при растење, мускулни тегоби, артрози, рахитис и скршеници.
ICE POWER COLD SPRAY е ефективна прва помош при повредите на мекото ткиво, како изместување, истегнување и рептура на мускулите и лигаментите, како и при помали изгореници.Дејството на ICE POWER COLD SPRAY започнува веднаш и трае околу 15 минути, за потоа третманот да продолжи со ICE POWER COLD GEL.
ICE POWER MAGNESIUM IN CRÈME е специјална крема која во себе содржи магнезиум сулфат. Во тој облик, магнезиумот лесно се впива во кожата.При нанесување, ќе почувствувате ладно чувство.Брзо и ефикасно ја намалува мускулната тензија и го забрзува заздравувањето при мускулни напрегања.Се користи и превентивно за да се спречи настанувањето на мускулните грчеви.Се нанесува 2-3 пати дневно со масажа на мускулот со цел да се ослободи од мускулната тензија.
ICE POWER PLUS ладниот гел дополнет со MSM (Methylsulfonylmethane) преку намалување на температурата на меките ткива, чувствителноста на периферните нерви и мускулната напнатост, придонесува за брзо и делотворно смалување и ослободување на болката, воспаленијата и отоците на мускулите и зглобовите.Наменет за употреба при продолжена болка, прекумерен физички напор, притисок и тегоби во мускулите, како и при третман на зглобовите од артритис, артроза и теносиновитис ICE POWER PLUS не се препорачува за деца и бремени жени.