- Почетна /
- GLYCO-LAX supp.za vozrasni x 5
GLYCO-LAX supp.za vozrasni x 5
Глицерински супозитории за возрасни,наменети за третман на лесни и повремени пречки во празнење на цревата за кои не е потребна консултација со лекар.Една супозиторија содржи 2.106g глицерол,стеаринска киселина,безводен натриум карбонат и вода.Глицеролот во облик на супозитории се користи како средство за предизвикување на празнење на цревата.Според начинот на кој што делува,може да се вброи во повеќе групи - омекнувачи на столицата,осмотски лаксанс,дополнително како локално надразнувачко средство на слузницата на ректумот кое што ја стимулира перисталтиката,а со тоа и празнење на цревата.Употреба:една супозиторија дневно се става ректално (во чмар).Не се препорачува користење во континуитет подолго од една недела.