Пребарување
Сите категории
    Menu Close

    MAITAKE- MRL 500mg x 90 таблети

    Производител: Mycology Research Laboratories
    Маитаке-МРЛ не е екстракт, туку содржи мицелиум и примордиа (вегетативниот дел од фунгусот и млади плодови) од печурката Grifola frondosa што се одгледува асептично во биомаса. Потоа, биомасата се прави во таблети, а секоја содржи по 500мг.
    SKU: 659908130052
    1.560,00 ден
    i h

    Состав:

    Grifola frondosa (биомаса од печурка), микрокристалинска целулоза, силикон диоксид, магнезиум стеарат (растителен), стеаринска киселина (растителна).

    Индикации:

    Најчесто се користи како додаток за (според модерни и традицинални извори):

    ·      зајакнување на имунитетот – настинки, чест стрес; го стимулира градењето на јак имунитет да овозможи издржливост на телото од инфекции и вирусни болести; го зајакнува имунитетот во борбата на развојот на туморски клетки

    ·      зголемена одбрана од инфекции, ХИВ и рак

    ·      канцерозни болести - во студија се покажа зголемување на активноста на макрофагите, НК- клетките и цитотоксичните Т-клетки и индуцирање на 86% инхибиција на растење на тумор; најдобро делува во комбинација со хемотерапија; најпотентни својства се покажале кај рак на белите дробови, на црниот дроб и на дојки, а има и забавување на развој на тумори во дебелото црево, стомакот, црниот дроб, простата, мозокот, мочниот меур, анти-туморски ефекти кај фибросарком и ИМЦ карцинома

    ·      детоксикација на организмот

    ·      Подобрување на функцијата на гастро-интестиналниот систем; помага за абдоминална дистензија после јадење; делува како дигестивен тоник; поддршка во конвенционалниот третман на хемороиди и гастрит

    ·      автоимун хроничен хепатит, хроничен хепатит Б, инхибира масни наслаги во црниот дроб

    ·      регулирање на притисокотшеќеротинсулинотсерумските и липидните нивоа кај црниот дроб – влијае врз нивоата на холестерол, триглицериди и фосфолипиди, а на тој начин делува како кардиоваскуларен тоник; ги активира Т-клетките и другите природни антитела коишто помагаат во борбата против ракот и дијабетисот

    ·      остеопороза, едема, ревматичен артрит, артрит, астма, пневмонија, белодробна инфекција, целулит, синдром на хроничен замор, мултипал склероза, депресија, климактериум кај мажи и жени, фибромиалгија, неплодност кај жени, леукемија, лупус, тешкотии во менопауза, зголемена простата, простатит, лошење од радијација, системски лупус еритематоза

    ·      помага за намалување на вишокот килограми - го подобрува метаболизмот, а со тоа помага на контрола на тежината и делува како монитор на гојазноста. Најдобрите истражувања за употребата на Маитаке за намалување на тежината без нарушување на секојдневните навики на исхрана кај лица со поголема тежина од потребната се спроведени во Јапонија.[1]

    ·      aнтиоксидантски својства

    ·      заштита, навлажнување и зајакнување на кожата (егзема, псоријаза)

    ·      смирување на нервниот систем  немир, неуроза

    ·      воспоставување на физичкa и менталнa хармонија на организмот, според традиционалната кинеска и јапонска фитотерапија

    ·      стимулирање на целосната виталност

    Начин на примена:

    3-6 таблети дневно. Најдобро е таблетите да ги пиете наутро (по 3 таблети), пред оброк. Доколку употребувате по 6 таблети дневно, тогаш се препорачува две дози по 3 таблети, наутро и навечер, или 3 пати по 2 таблети, пред оброк.

    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Затвори
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *