Риванол е органско соединение со жолто-портокалова боја.Неговиот воден раствор претставува силен антисептик за надворешна употреба,што се користи за дезинфекција на кожа и слузокожа во случај на гребнатини,површински рани,изгоретини.Може да се користи и за лекување на дерматолошки заболувања,како некроза,апцес.Има и антибактериско дејство на Gram+ бактерии.Се нанесува два-три пати дневно на повреденото место,внимателно заради можноста од обојување на облеката.Може да се користи и во вид на облога така што газа се натопува со риванол,се поставува на раната,а потоа околу раната се поставува завој.