Пребарување
Сите категории
    Menu Close

    Al-Mak Flower, Inc.

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    SYNERGY BETA CAROTENЕ 6mg   X 60softgel caps.

    SYNERGY BETA CAROTENЕ 6mg X 60softgel caps.

    Бета-каротeнот е растителен пигмент од групата каротеноиди, а нашиот организам од него го создава витаминот А. Бета-каротинот е заслужен за многубројни важни функции поврзани со нашето здравје. Тој е еден е од најважните антиоксиданси и дејствува во борба против слободните радикали и е чувар на здравјето на нашите крвни садови и срцето. Зголемувајќи го имунитетот бета каротенот е значаен во борбата против акутни и хронични инфекции. Бета-каротинот врши заштита на телесните ткива од штетното влијание на УВ-зраците. Покрај тоа, неопходен е за создавање на пигменот меланин, смирување тегоби и помош при дегенерацијата на жолтата дамка.
    530,00 ден
    Слика на SYNERGY FOLIC ACID + IODINE X 60softgel caps.

    SYNERGY FOLIC ACID + IODINE X 60softgel caps.

    Фолната киселина или витамин Б9 е неопходен витамин за секој поединец за нормално здравје и живот а особено се препорачува доколку жената е бремена или планира да остане бремена. Фолната киселина е значајна за многу важни процеси во нашиот организам, а посебно при делба, диференцијација и раст на клетките на ембрионот и фетусот. Јодот придонесува за нормална когнитивна и невролошка функција на организмот и учествува во производството на тиреоидните хормони и нормална функција на тиреоидната жлезда.
    431,00 ден
    Слика на SYNERGY MAGNESIUM CITRAT + B6 X 60CAPS

    SYNERGY MAGNESIUM CITRAT + B6 X 60CAPS

    Магнезиумот учествува во многубројни биохемиски процеси во организмот. Тој е потребен за активноста на повеќе од 300 различни ензими, особено на оние кои учествуваат во производство на енергија. Важен е за невромускулен пренос на дразбата и минерализација на коските.Тој има есенцијално значење за правилно функционирање на мускулниот систем. Помага во создавање на енергија, во процесите на згрутчување на крвта и транспорт на глукоза во клетките. Како „антистресен минерал” помага за правилна работа на нервниот систем. Поради своите базни својства ја неутрализира желуделната киселина. Витамин Б6 има важна улога во процеси на разградување и апсорпција на белковини, јаглени хидрати и масти, нормално функционирање на нервниоот и имунолошкиот систем и има важна улога во создавањето на хемоглобинот во црвените крвни клетки. Тој ја зголемува апсорпцијата на магнезиумот во гастро-интестиналниот тракт.
    569,00 ден
    Слика на SYNERGY MULTIVITAMINS & MINERALS WITH LUTEIN  X 60caps.

    SYNERGY MULTIVITAMINS & MINERALS WITH LUTEIN X 60caps.

    MULTIVITAMINS & MINERALS WITH LUTEIN е супериона формула која ги содржи сите витамини и минерали неопходни за одржување на доброто здравје. Помага во метаболизмот на јаглени хидрати, масти и протеини. Витамините и минералите се природни материи кои му се потребни на нашиот организам за негов раст, развој и правилно функционирање. MULTIVITAMINS & MINERALS WITH LUTEIN содржи антиоксиданси – витамини и микроелементи во препорачани дневни дози и се употребува како превенција од некои заболувања и одредени здравствени состојби. Целта на нивната примена е да се надомести недостатокот што може да појави поради неквалитетна исхрана, или консумирање на храна со мали количини на витамини и минерали.
    652,00 ден
    Слика на SYNERGY OMEGA 3 1000mg

    SYNERGY OMEGA 3 1000mg

    Synergy Omega 3 1000mg e 100% природен додаток на исхрана со концентрирано рибино масло богато со Омега 3 незаситени масни киселини (DHA и EPA) и витамин Е. Омега 3 масните киселини се есенцијални поради тоа што не можат да бидат создадени од нашиот организам и затоа мора да се внесуваат преку исхраната и преку додатоци на исхрана. Омега 3 масните киселини промовираат контрола на метаболизмот на мастите и придонесуваат за здрав циркуларен систем. Витамин Е како моќен антиоксиданс ја спречува оксидацијата на незаситените масни киселини и ги неутрализира слободните радикали. Омега 3 масните киселини поседуваат антиинфламаторно, антиаритмичко, антитромботично и вазодилататорно дејство.
    588,00 ден
    Слика на SYNERGY OSTEOFIT FORTE  X 60caps.

    SYNERGY OSTEOFIT FORTE X 60caps.

    Избалансирана комбинација на минерали и витамини неопходни за јакнење на коските и одржување на нивната структура. Тие се особено важни при превенција на остеопороза и остеопенија, кај забрзан раст на децата, трудници, спортисти, за време на менопауза и кај постари лица. Се препорачува за превенција и помош при остеопенија и остеопороза, профилакса и третман на рахитис и остеомалација, профилакса кај постоечки ризик за заболување предизвикано од дефицит на витамин Д3, помага во рехабилитација на скршеници и спортски повреди, нормална функција на имунолошкиот систем, нормална мусклулна функција, здрав раст и здрав развој на децата како и при намалено внесување на калциум, магнезиум, цинк, витамин Д3 и К2 преку исхраната.
    669,00 ден
    Слика на SYNERGY SELENIUM 100mcg  x 60tabl.

    SYNERGY SELENIUM 100mcg x 60tabl.

    Селенот е есенцијален минерал што се наоѓа во многу мали количества во организмот. Тој е од особено значење затоа што го зголемува имунитетот, има улога на антиоксиданс и се бори против оштетувањето и воспаленијата предизвикани од штетните слободни радикали. Освен тоа, игра и клучна улога во одржувањето на здравиот метаболизам.
    589,00 ден
    Слика на SYNERGY VITAMIN B12 100mcg  X 60sublingual tabl.

    SYNERGY VITAMIN B12 100mcg X 60sublingual tabl.

    Витамин Б12 е витамин растворилив во вода и е еден од најбитните микронутритиенти кои ги добиваме од намирниците од животинско потекло. Овој витамин учествува во низа процеси кои учествуваат во одржување на здравјето. Витамин Б12 игра важна улога во процесот на делба на клетките, допринесува за нормално функционирање на нервниот систем, учествува во метаболизмот на хомоцистеин и создавањето на енергија. Исто така овој витамин е од клучно значење за создавање на црвени крвни клетки, помага во намалување на заморот и зајакнување на имунитетот. Витамин Б12 е апсолутно важен за доброто ментално и физичко здравје.
    763,00 ден
    Слика на SYNERGY VITAMIN B6 50mg  X  60caps.

    SYNERGY VITAMIN B6 50mg X 60caps.

    Хидросолубилен витамин чијашто активна форма е пиридоксин хидрохлорид, неопходен за метаболизмот на протеините. Учествува во метаболните процеси на аминокиселините (декарбоксилација, дезаминација, трансаминација итн). Има важна улога во метаболизмот на мастите, формирањето хем, како и на нијацин од триптофанот. Витамин Б6 овозможува создавање на неколку неуротрансмитери кои пренесуваат пораки во нервниот систем. Неопходен е за нормален развој и функционирање на нервниот систем, за создавање на хормони кои го регулираат расположението (серотонин и норепиефрин) и биоритамот (мелатонин). Придонесува за нормална синтеза на хомоцистеин и учествува во формирање на црвените крвни клетки. Го намалува заморот и исцрпеноста и учествува во регулирање на хормонската активност. Витамин Б6 учествува во одржување на здрав имунолошки систем преку негово учество во создавање на антитела.
    486,00 ден
    Слика на SYNERGY VITAMIN E 400IU X 60softgel caps.

    SYNERGY VITAMIN E 400IU X 60softgel caps.

    Витаминот Е (токоферол) припаѓа во групата на липосолубилни витамини. Делува како антиоксидант заштитувајќи ги од оксидација незаситените масни киселини и другите супстанции. На тој начин, витаминот Е ги штити клетките од штетното дејство на слободните радикали и ја одржува нивната функција. Витаминот Е ги штити крвните садови и го намалува ризикот од појава на атеросклероза и коронарна срцева болест. Има позитивно дејство врз целиот организам: позитивно дејство врз жлездите со внатрешно лачење, особено врз функцијата на половите жлезди и затоа се нарекува витамин на плодноста. Ја забрзува циркулацијата на крвта и ја подобрува работата на мускулите. Го чува организмот од прерано стареење, ја одржува еластичноста на телото, ја зголемува виталноста и ја потикнува активноста на организмот.
    890,00 ден
    Слика на SYNERGY VITAMIN K2 80mcg X 60 TBL

    SYNERGY VITAMIN K2 80mcg X 60 TBL

    Витамин К се нарекува и антихеморагичен витамин и фактор на долговечноста. Витамин К2 (менаквинон) е природен облик на витамин К кој го синтетизираат бактериите. Како липосолубилен витамин се складира во црниот дроб. Витаминот К2 е неопходен за правилно искористување на ресорбираниот калциум и неговото потполно вградување во коските. Витаминот К2 спречува создавање на калцификати во крвните садови, ‘рскавицата и меките ткива, кои во најголема мера настануваат кај лица кои континуирано примаат суплементи со калциум и витамин D3. Витаминот К2 истовремено го намалува и таложењето на калциумот во крвниот систем. Калцификацијата во крвта ја зголемува вкочанетоста и кревкоста на крвните садови, а понекогаш го попречува нормалниот протокот на крв до и од срцето.
    938,00 ден
    Слика на SYNERGY ZINK 15mg x 60 таблети

    SYNERGY ZINK 15mg x 60 таблети

    Цинкот е минерал кој е од витално значење за секојдневните физиолошки процеси. Како катализатор на над 100 ензимски реакции, метаболни процеси и учество во синтеза на протеини, спаѓа во групата на есенцијални минерали кои се потребни секојдневно да се внесуваат преку исхраната или преку додатоци на исхрана. Цинкот е моќен минерал кој ни е потребен за здрав имун систем, за правилна функцијата на тироидните хормони, половите хормони и за одржување на нормално ниво на глукоза во крвта (инсулинот). Помага при метаболизмот на разградба на јаглехидратите за енергија, но и во одржувањето на здравјето на кожата и ноктите. Игра значајна улога и при делбата и растењето на клетките, при заздравувањето на раните. Неговото дејство се должи на антиоксидативната моќ на овој минерал, што резултира со уништување на слободните радикали кои се причина за повеќе заболувања, како и за предвремено стареење.
    590,00 ден
    Слика на SYNERGY VITAMIN C500 x 60 таблети

    SYNERGY VITAMIN C500 x 60 таблети

    Витаминот Ц учествува во создавањето и одржувањето на колаген, протеин кој е неопходен за регенерација на ткивото, за здрави и силни коски и заби, здрава кожа, ‘рскавицата, тетивите и формирање на крвните садови, подршка на отпорноста на организмот.
    455,00 ден
    Слика на SYNERGY VITAMIN D3 2000IU x 30 меки капсули
    Слика на VITAMIN C1000 x 60 таблети
    Филтри Close
    Min: 431,00 ден Max: 938,00 ден
    ден431 ден938