Пребарување
Сите категории
    Menu Close

    SYNERGY VITAMIN B6 50mg X 60caps.

    Производител: Al-Mak Flower, Inc.
    Хидросолубилен витамин чијашто активна форма е пиридоксин хидрохлорид, неопходен за метаболизмот на протеините. Учествува во метаболните процеси на аминокиселините (декарбоксилација, дезаминација, трансаминација итн). Има важна улога во метаболизмот на мастите, формирањето хем, како и на нијацин од триптофанот. Витамин Б6 овозможува создавање на неколку неуротрансмитери кои пренесуваат пораки во нервниот систем. Неопходен е за нормален развој и функционирање на нервниот систем, за создавање на хормони кои го регулираат расположението (серотонин и норепиефрин) и биоритамот (мелатонин). Придонесува за нормална синтеза на хомоцистеин и учествува во формирање на црвените крвни клетки. Го намалува заморот и исцрпеноста и учествува во регулирање на хормонската активност. Витамин Б6 учествува во одржување на здрав имунолошки систем преку негово учество во создавање на антитела.
    486,00 ден
    i h
    *
    *
    *