- Почетна /
- SYNERGY VITAMIN E 400IU X 60softgel caps.
SYNERGY VITAMIN E 400IU X 60softgel caps.
Витаминот Е (токоферол) припаѓа во групата на липосолубилни витамини. Делува како антиоксидант заштитувајќи ги од оксидација незаситените масни киселини и другите супстанции. На тој начин, витаминот Е ги штити клетките од штетното дејство на слободните радикали и ја одржува нивната функција. Витаминот Е ги штити крвните садови и го намалува ризикот од појава на атеросклероза и коронарна срцева болест. Има позитивно дејство врз целиот организам: позитивно дејство врз жлездите со внатрешно лачење, особено врз функцијата на половите жлезди и затоа се нарекува витамин на плодноста. Ја забрзува циркулацијата на крвта и ја подобрува работата на мускулите. Го чува организмот од прерано стареење, ја одржува еластичноста на телото, ја зголемува виталноста и ја потикнува активноста на организмот.